| четврток, 6 декември 2018 |

Прванов: Недозволив прекин на работите на Јужен поток

prvanov

Поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов смета дека запирањето на работите на проектот на гасоводот Јужен поток е недозволиво.

– Бев целосно изненаден кога ја слушнав одлуката на бугарскиот премиер дека се запираат работите на проектот Јужен поток. Тоа за мене беше целосно неочекувано. Бугарија не треба да биде заложник на геополитички игри на Брисел и не треба да го запре проектот Јужен поток, изјави тој за ИТАР-ТАСС.

juzen potok

Тој ддаде дека се „недозволени притисоците и обидите на Брисел да се запре тој проект со политички, геополитички и геостратешки средства“.

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски веќе соопшти дека Бугарија прекинува со работите на пртоектот Јужен поток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top