Средното уметничко училиште оваа година одбележува 70 години од формирањето. 70 години претставува расадник на кадри. Во него професори и ученици биле многу еминентни македонски уметници. Почетоците биле во скромни услови, а низ текот на годините уметничкто училиште прерасна во препознатлива марка.
Денес располага со одлични услови, со нов објект, но и со нови современи наставни програми. Од оваа учебна година наставниот план е збогатен и со новиот предмет фотографија и со новиот оддел мултумедија. Нашите ученици и професори денес покрај редовната настава учествуваат и во разни проекти и настани од државен и јавен интерес. Само за пример би посочиле на проектот за поставување цветни скулптури во Скопје. Сите конструкции се изработени од вајарскиот оддел.
Како дел од одбележувањето на јубилејот утре во 20 часот, во училишната галерија „Лазар Личеноски“, ќе биде отворена Годишната завршна изложба на која ќе бидат претставени слики, скулптури, графики, керамики, цртежи, мултимедијални дела, видеа, ентериер и дополнително изложбата ќе биде збогатена со модна ревија на одделот за Текстил и облека. Атмосферата ќе биде дополнета со музички настап на ученици од ДМУБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


