
Топлото и претежно сончево време продолжува до крајот на оваа работна недела. Услови за локално попладневно нестабилно време повторно ќе има в среда, но само во мал дел од северните краишта од земјава.
Според прогнозата на Метеопро, температурата нема да има преголеми промени во однос на минималната и максималната вредност. Утрата ќе бидат топли, со минимална темература која ќе биде во границите меѓу 13°С и 18°С. Преку ден ќе биде топло со максимална температура, која ќе има вредност околу 28°С низ населените места во западниот регион.
Котлините во источниот крај ќе имаат максимална температура со вредност околу 30°С. Северниот тек на Вардар очекува максимална околу 31°С, додека јужниот дел од Повардарие ќе има максимална температура околу 34°С. Вредноста на УВ-индексот ќе има вредност 8.
Искористете го овој период на релативно запурно и топло време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


