
Соопштувајќи дека седницата на која ќе се гласа за составот на идната влада ќе се одржи на 19 јуни, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ги повика пратениците на опозицијата да се вратат во Собранието.
„Потврдувајќи ја определбата за достојно почитување на Уставот и законите, во оваа пригода, како и во претходните наврати, сосема искрено ги повикувам колегите пратеници од опозицијата да ги земат предвид интересите на земјата и да дојдат во Собранието“, се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


