| четврток, 6 декември 2018 |

Утре спарно време претпладне, услови за краткотраен дожд попладне

toplo
Сончево и релативно спарно време се очекува во претпладневните часови на понеделник. Попладне во земјава ќе има појава на локална и краткотрајна нестабилност, особено во југоисточните, но и дел од западните региони. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец,а во источните краишта ветерот ќе дува со умерена брзина.

Според прогнозата на Метеопро, минималната температура во поголем дел од Македонија ќе има вредност во границите од 12°С до 17°С.

Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе има вредност околу 28°С се во котлините во западниот регион, и околу 30°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална до 34°С.
Вредноста на UV индексот ќе биде 8.

Скопскиот регион очекува претежно сончево и спарно време претпладне, а попладне ќе постојат услови за појава на локален краткотраен дож проследен со грмежи. Ќе дува претежно слаб северен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 16°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 32°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top