| четврток, 6 декември 2018 |

Имаат светска слава, имаат завршено основно образование

Школото, навистина, не е одлучувачки фактор за успехот, но одлучува дали ќе успеете со работа или со среќа и ретко виден талент, ако го имате. Некои од 10-те наведени за вас ќе бидат големи изненадување, дека во животот не завршиле ни средно училиште, а станале филмски ѕвезди, милионери… па дури и принцези!

 

catherine-zeta-jones-5263567

10. Кетрин Зета Џонс

Една од најубавите филмски актерки, го напуштила школувањето кога имала само 15 години, и се преселила во Лондон каде почната со актерство. Од млада настапувала во лондонските театри, па иако немала средно образование заради талентот примена е во уметничката академија.

 

Nicolas-Cage-Celebrity-Wallpaper-HD

9. Николас Кејџ

Тој е внук на славниот режисер Френсис Форд Копола, и неговото родено презиме е – Копола… па било природно и очекувано да се посвети на филмот, а почнал со мала улога во ТВ серија. И се посветил така што ја напуштил гимназијата кога имал 17 години, и никогш потоа не се школувал, а изградил забележителна слава и филмска карира.

 

8. Роберт Де Ниро

Два пати го напуштал средното учулиште, и никогаш не успеал да го заврши до крај . Но, посетувал студио за учење глума, што битно му помогнало во развојот, до толку што за улогата во Кум на Копола – за улогата на Вито Корлеоне, ќе добие и Оскар. Со тоа е расчистено дали одлуката да остави се и се занимава само со глума – била исправна.

robert de niro

 

7. Роберт Дауни Џуниор

Почнал со актерство уште кога имал пет години, работејќи со својот татко, актерот Роберт Дауни Сениор. Немал проблеми да добива улоги, а школувањето му одело тешко. Кога неговите родители се развеле, имал 17 години, и ја напуштил гимназијата во која учел. Подоцна, имал поблеми со дрога, и паузи за рехабилитација кои му помогнале да се врати во полна кондиција на нормалниот живот и професијата.

 

cameron dijaz6

6. Камерон Дијаз

И Камерон Дијаз не го издржала предизвикот на својата 17-та година, кога во таа доба го напуштила средното училиште посветувајќи се на манекенска кариера. Таму немала особен упсех но, затоа, во Холивуд станува лик од насловните страни.

 

Drew-Barrymore-drew-barrymore-83461_1280_1024

5. Дру Баримур

Кога некој ќе стане филмска и телевизиска ѕвезда уште како претшколско дете, за очекување е дека школото потоа нема да биде негов интерес. Таков е случајот со Дру баримур. Се појавила пред камери кога имала 11 месеци, а станала славна на 7 години со улога во култниот филм И.Т. на Спилберг. Имала тешка младост, поврзана со дрога, депресии и агрсивности но, со созревањето доаѓа и контролата врз својот живот и успех во кариерата.

 

deep

4. Џони Деп

Тој е обожуван од многу девојки, но секако не е лик кој мајките би го посакале за зет на своите ќерки. Се откажал од школо уште на 13 гоини, и почнал да свири во рок бендот Пламен, кога имал и прв секс со една од девојките кои ја придружувале групата. Немал успех во музиката, бендот се распаднал, а по наговор на Николас Кејџ станал глумец. И не се излажал.

 

Profoto-Victoria-Will-Al-Pacino-2

3. Ал Пачино

и тој го има проклетството на 17-тата година, кога е школото во прашање. И Ал Пачино, на таа возраст, го напуштил школувањето, откако имал единици по сите предмети освен по Англиски јазик. Се запишува во театарска група, и почнува да се занимава со глума. Имал бурен живот во младоста, апсен е заради нелегално поседување оружје кога имал 21 година… но, неговиот талент и упорност доминираат над судбината, па љубителот на Шекспир – Ал Пачино станува една од иконите на Холивуд.

 

2. Квентин Тарантино

Кој би рекол дека еден од најталентираните и најоригинални режисерски појави во Холивуд последниве пар децении нема завршено ни средно училиште. Тарантино не дочекал ни 17 години, туку година дена претходно, го напушта средното училиште и решава да му се посвети целосно на филмот. За почеток, бил редар и проверувал билети во локалното кино, а потоа упорно учејќи низ пракса, и стрпливо сорабитувајќи со други актери и режисери ја изградил кариерата која го прави едно од најголемите режисерски имиња на својата генерација.

 

Life-of-princess-diana-12

1. Лејди Дајана

Е, ова е навистина изненадување. Точно е дека деталите од приватниот живот на кралевите и принцезите се кријат од јавноста по секоја цена но, податокот дека англиската принцеза Лејди Ди немала завршено ни средно училиште, е ретко познат. Се до сега. Не успеала да заврши гимназија, иако била упорна а нејиниот татко имал лордовска титула. Се обидела со учење во Швајцарија, но ни таму немала успех. Кога била запознаена со Принцот Чарлс работела како помошничка во една лондонска градинка – бидејќи за повеќе од тоа немала образование. За принцеза на англиската круна, имала се што е потребно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top