| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец заработи кривична за оружје

puskaЕдиницата за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 50-годишниот З.Т. од село Горно Оризари поради сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“.

При извршен претрес во неговиот дом пронајдени се една автоматска пушка калибар 7,62 мм, две рамки за автоматска пушка, два куршуми калибар 7,62 и три ловни патрони калибар 12 мм.

Против пријавениот и претходно се поднесувани кривични пријави за сторени кривични дела „тешка телесна повреда” и „загрозување на безбедноста на сообраќајот”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top