| четврток, 6 декември 2018 |

На нивната љубов и дојде крајот

rita
Познатата пејачка Рита Oра, која по потекло е од Косово и шкотскиот ди-џеј Калвин Харис ја раскинале едногодишната врска, а веста ка потврди Шкотланѓанецот на својот Твитер- профил.

– Да ги прекинам сите шпекулации, Рита и јас ја раскинавме врската пред одредено време. Таа е прекрасна, талентирана жена и ѝ посакувам сè најдобро во животот – обајвил ди-џејот на својот Твитер-профил.

Рита сè уште не се огласила по овој повод, имајќи предвид дека сега ужива на одморот во Мексико.

Калвин Харис и пејачката со албанско потекло, родена во Приштина, биле во врска од мај 2013 година. Заедно ја снимиле песната „I will never let you down“, кој долго била на првото место на најслушани песни во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top