| четврток, 6 декември 2018 |

35 илјади социјално загрозени семејства со бесплатен елаборат за легализација

katastarНа корисниците на социјална помош бесплатно ќе им биде изработен елаборат за легализација на нивните дивоизградени објекти, најави актуелен премиер Никола Груевски.

– Ова беше ветено во нашата програма и на една од првите седници на владата ќе биде прифатено како закон кој потоа ќе биде доставен до Парламентот, а по неговото усвојување ќе стапи на сила- истакна Груевски. Тој ги отфрли како неточни стравувањата кои, како што рече, во последно време се шират дека доколку некој корисник на социјална помош ја легализира куќата, ќе му биде одземена социјалната помош.

– Тоа сакам најдиректно да го демантирам. Тоа се неточни гласини. Ова е едно од ветувањата на владата кое ќе биде експресно реализирано- потенцира Груевски. Со оваа мерка се очекува да бидат опфатени околу 35 илјади корисници на социјална помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top