| четврток, 6 декември 2018 |

Оценката на „Форин полиси“ потврда за Македонија

gruevski spiroМакедонија не само изминатиот период, туку и во 2013 година отиде доста напред во однос на создавањето услови за привлекување странски инвестиции. Тоа го потврдува и последниот извештај на „Форин полиси“ кој земјава ја рангира на 29. место во светот, рече денеска мандатарот на новата Влада и актуелен премиер Никола Груевски.

Груевски посочи дека најновото рангирање на Македонија според условите за привлекување странски инвестиции, значи пет места погоре во однос на минатата година.

– Ова е показател дека и во 2013 сме направиле доволен број чекори за Македонија да стане уште поатрактивна и уште повисоко на листата за привлекување странски инвестиции. Ми дава надеж и уште еден сигнал дека со начинот на кој сме тргнати да ја подобруваме бизнис климата и да ја правиме државата атрактивна за странските и поволна за домашните инвеститори, ќе следува отворање многу работни места во иднина што е и една од главните цели на новиот владин состав, нагласи Груевски по промоцијата на 12 нови наслови од Проектот за превод на 1.000 стручни и научни книги од кои се учи на на врвните светски универзтети.

Премиерот потсети дека Македонија во однос на создавањето услови за странски инвестиции исто така забележа голем напредок и во 2007, 2008, 2009, 2010, 2011 и 2012 година.

„Форин полиси“ прави анализа врз основа на неколку други анализи меѓу кои и онаа на фондацијата „Херитиџ“. Притоа зема предвид осум индикатори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top