Американските власти соопштија дека два борбени авиони Ф -16 го придружувале малиот авион надвор од забраниетиот простор.
Неговото, веројатно ненамерно нарушување на просторот доведе до евакуација на Капитол, но и на Врховниот суд и Библиотеката на Конгресот.
Портпаролот на Северноамериканската воздушнавселенска команда НОРАД изјави дека „ловците“ го придружувале авионот до аеродромот во Маунт Еири, во Северна Каролина. Агенти на Тајната служба пристигнале таму и го сослушале пилотот.
Портпаролот на Администрацијата за безбедност при транспортот соопшти дека пилотот едноставно погрешил. Тој полетал од Вестфилд, Масачусетс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



