| четврток, 6 декември 2018 |

Совети како да ја издолжите својата фигура

Тајната на идеалниот изглед, кога се во прашање жените, се крие во одбраните парчиња облека што ја издолжуваат фигурата. Синџирчињата што имаат должина до под градите или, пак, до папокот се ваши сојузници, а може да си дозволите и трендовски едноделни комбинизони, кои имаат висока половина и рамни ногавици

Жените како Кајли Миног, Ева Лонгорија и Ша­кира често ги нарекуваат „џебни Венери“, што е ласкава титула за припадничките на поубавиот пол што се ситни, со понизок раст. Впечатлива е нивната смелост на црвениот тепих да се појават во комбинации што ја истакнуваат нивната фигура и совршено им парираат на многу повисоките колешки. Тајната се крие во добро одбраните парчиња гардероба, кои ја издолжуваат фигурата.

 

Должина

Atraktivno91-4

Ако сакате максимално да ја издолжите својата фигура, одберете кратки модели, чијашто должина едвај ја минува линијата над колената. Ист ефект може да се постигне и со фустаните што имаат макси должина и висока половина, кои совршено ќе се вклопат со елегантни потпетици. Висината на половината би требало да биде малку над природната, така што долниот дел од фустанот да биде во прв план.

 

Крој

Atraktivno91-1Atraktivno91-2

Облеката треба да ја следи линијата на телото бидејќи на тој начин се нагласува силуетата. Избегнувајте широки модели и материјали што се украсени со хоризонтални линии. Жените со понизок раст можат да си дозволат трендовски едноделни комбинизони, кои имаат висока половина и рамни ногавици.

 

Деколте

Atraktivno91-3

Деколтето е најсензуалниот дел од телото и ако сакате да го нагласите, направете го тоа облекувајќи фустани или маици, односно блузи со деколте во V израз или полукружен. Избегнувајте тркалезен израз на фустани или маици.

 

Бои

Atraktivno91-5

Кога се во прашање боите, постои цела палета бои или тонови што се добредојдени за жените што имаат поситна градба. Живите бои се полн погодок, а тука се и популарните пастелни нијанси, кои оваа сезона се вистински хит. Што се однесува до дезените, тие треба да бидат едноставни. Најдобар избор се еднобојните дезени.

 

Чевли

Atraktivno91-8Atraktivno91-7
Жените со понизок раст често сакаат да носат многу високи потпетици, кои докажано ја издолжуваат ногата и ја прават елегантна. Но, ист ефект може да се постигне и со помалку високи потпетици, чијшто модел е внимателно одбран. Одберете чевли што се отворени, избегнувајте ременчиња и украси околу зглобот. Потпетиците со боја на пудра оваа сезона се задолжителни и се ваш сојузник.

 

Накит

Atraktivno91-6Накитот го подобрува секој стилот, но жените по поситна градба би требало да го избегнуваат предимензионираниот и голем накит. Синџирчињата, чијашто должина е под гради или до папокот, создаваат визуелен ефект и ја издолжуваат фигурата.

 

(Пишува: Александра М. Бундалевска
Текст објавен во 91. број на неделникот „Република“, 30.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top