Астероид со големина на фудбалски терен, кој од научниците добил име „Ѕвер“ , ќе помине вечерва во близина на Земјата, но нема опасност дека ќе удри на нашата планета.
Астероид 2014 ХЉ124 ќе помине покрај Земјата на 8 јуни со брзина од 50.000 километри на час, но на оддалеченост за трипати поголема од растојанието до Месечината.
„Ѕвер“ е десетпати поголем од астероидот кој се распадна на Челјабинската област во Сибир минатата година. Кога астероид со ваква големина ќе удри на површината на Земјата, најверојатно би дошла до глобална катастрофа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



