Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Киев присуствуваше на инаугурацијата на новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко, на која учествуваат делегации од околу 60 држави.
Како што соопшти денеска Кабинетот на претседателот Иванов, на свечената церемонија во Киев присуствувале и претседателите на Германија, Австрија, Словенија, Албанија, Полска, Литванија, Романија, Швајцарија, Грузија, Молдавија.
На премиерско ниво биле претставени Јапонија, Канада, Бугарија, Латвија, Естонија. Меѓу високите гости бил и американскиот потпретседател Џозеф Бајден, како и претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј. Русија, пак, ја претставувал амбасадорот во Киев, Михаил Зурабов.
Откако ја положил свечената заклетва пред Врховната Рада, новиот украински претседател се сретнал со македонскиот претседател Иванов.
– Претседателот Иванов на украинскиот претседател Порошенко, му го честиташе стапувањето на фунцкијата и му посака успех. Двајцата претседатели изразија подготвеност за натамошно јакнење на традионално пријателските односи меѓу Република Македонија и Украина, како и за интензивирање на соработката, како на билатерален, така и на мултилатерален план. По стабилизацијата на состојбата во Украина, договорено е да продолжи политичкиот дијалог, и интензивирање на соработката пред се во сферата на економијата, трговската размена и инвестициите. Претседателот Порошенко истакна дека очекува во наредниот период да се отвори нова страница во украинско-македонските односи, се вели во соопштението.
Во разговорите претседателот Иванов го искажал ставот дека Република Македонија ги поддржува сите обиди што можат да донесат мир и стабилност во Украина.
– Пред претседателот Порошенко го искажав моето убедување дека Украина преку дијалог, со политички и дипломатски средства, ќе успее да се справи со предизвиците и ќе продолжи по патот на обезбедување просперитетна иднина на своите граѓани. Дополнително, радува фактот што вчера во Франција дојде до средба на господинот Порошенко со рускиот претседател Путин, изјавил претседателот Иванов во Киев.
Политичките односи меѓу двете земји од нивното осамостојување ги карактеризира дух на пријателство, доверба, отсуство на отворени или спорни прашања, како и соработка во повеќе области од заемен интерес. Украина е значаен економски и трговски партнер на Република Македонија, со која имаме склучено договор за слободна трговија од 2001, како и договори за заштита и потикнување на инвестиците, за одбегнување на двојно оданочување, и договор за реципрочен слободен визен режим за граѓаните на двете земји. Двете земји имаат голем потенцијал за интензивна економска соработка, во рамките на веќе уредената правна рамка, особено договорот за слободна трговија, кои се сеуште недоволно искористени, брифираат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
Учеството на инаугурацијата било можност за средби, разговори и размена на мислења и информации со некој од учесниците.
Претседателот Иванов во разговорите со претседателот на Словенија, Борут Пахор, се задржал на состојбата на евроатланските интеграции за Република Македонија и можностите за нивна деблокада, како и за претстојната средба во рамките на Брдо Процесот. Во разговорите со полскиот претседател Коморовски и австрискиот претседател Фишер, претседателот Иванов искажал очекување за полска и австриска подршка во деблокадата на ЕУ и НАТО интеграциите. Претседателот Иванов, за време на церемонијата на инаугурација, имал краток разговор и со Џозеф Бајден, на кој ја побарал подршката за заземање на заслуженото членство на Република Македонија во НАТО. Македонскиот претседател се сретнал и разговарал за регионалната соработка со албанскиот претседтел Нишани, а се сретнал и со претставниците на Совет на Европа и ОБСЕ, Јагланд, и Заниер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Воена состојба до 25 јануари: Порошенко потпиша указ!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме



