Почина 84 годишниот битолчанец Стеван Јовчевски, кој беше пријавен за исчезнат на 2, јуни, а вчера беше пронајден во селото Ивањевци кое е 20 километри оддалечено од неговиот дом во Битола, јавува ТВ Орбис.
Тој вчера бил принајден во грмушки од страна на мештаните. Старецот бил дехидриран и веднаш бил пренесен во битолската клиничка болница. За жал, Стеван денеска им подлегнал на повредите.
Се уште не е познато како битолчанецот стигнал до Ивањевци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



