
Осумдесет и тригодишен жител на струмичкото село Ново Коњарево синоќа почина откако е прегазен со автомобил, информира денеска полицијата.
Несреќата се случила околу 19 часот Драго Т. одел по патот во селото кога автомобилот “ауди а4“, управуван од В.Г. (35) од Струмица, удрил во него. Полицијата информира дека возачот при несреќата не запрел за да му помогне на старецот, туку неколку часа подоцна се пријавил во полициска станица.
Прегазениот Драго кратко по несреќата поради тешките повреди починал во струмичката болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


