
Забарката Ана Маковјак била толку повредена што поранешното момче ја оставило за друга жена, што во првата укажана прилика му се одмаздила, и тоа на многу болен и бизарен начин – му ги извадила сите 32 заба.
Марек Олзевски се појавил во ординацијата на 34-годишната забарка само неколку дена по раскинувањето, бидејќи имал забоболка. Не можејќи да се воздржи, Ана му ставила поголема доза анестетик и му ги извадила сите заби.
– Се обидов да бидам професионална и да се дистанцирам од моите емоции. Но, кога го видов како лежи само си помислив: Какво копиле, изјавила Ана, која работи во Вроцлав, Полска.
Откако му ги извадила забите, таа му ја замотала главата и вилицата со завој за да го спречи да ја отвора устата и му рекла дека имало компликации и дека треба да посети специјалист.
Можете да си замислите колку бил шокиран Марек кога дознал што всушност му се случило.
-Таа ми рече дека устата ми е здрвена и дека нема да можам да чувствувам ништо одредено време, а дека завојот е таму за да ги заштити непцата, но дека треба да посетам специјалист. Немав причина да се сомневам во неа, сметав дека е професионалка.Но, кога се вратив дома и се погледнав во огледало, не можев да поверувам. Таа кучка ми ја испразнила устата. Новата девојка сега ме остави, велејќи дека не може да биде со маж без заби, изјавил тој за Daily Mail.
Ана во моментов е под истрага и може да добие до 3 години затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Освета на бремена жена: Ја грабнала љубовницата на мажот, па ги повикала другарките
-
За еден месец 54.000 уцени со порносвети и детска пронографија
-
Стоматолог со одземена лиценца работел со украден идентитет од мртов колега
-
Забите го издале: Наместо 12-годишен сирак од Авганистан, вдомила 21-годишен џихадист


