Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин денеска имале кратка средба на маргините на одбележувањето на 70. годишнината од истоварувањето на сојузничките војски во Нормандија, соопшти канцеларијата на францускиот претседател Франсоа Оланд.
Неименувано официјално лице од Белата куќа потврдило дека имало „неофицијална средба“ додавајќи дека траела 10 до 15 минути, пренесува Ројтерс.
Ова е прва средба на Обама и Путин од почетокот на кризата во Украина, а до не неа дошло за време на ручекот организиран од францускиот претседател.
Путин денеска имал неформална средба и со новиот украински претседател Петер Порошенко, со кого разговарале за примије и други можни мерки за деескалација на кризата, како и за можност Москва да го признае изборот на Порошенко за претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



