| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ не сака нов „Кипар“, Србија да си ги затвори прашањата

eu-srbijaУнијата нема да толерира уште еден Кипар. Затоа тешките прашања ќе мора да се затворат пред Србија да се приклучи на ЕУ, смета претседателот на германскиот парламентарен одбор за европски прашања Гинтер Кирхбаум. Германија знае дека за помирување е потребно време и дека тоа понекогаш е болен процес, додава Кирхбаум за српскиот весник Блиц. Дали Србија ќе добие датум за преговори зависи од тоа дали ги исполнува условите дефинирани во 2011, особено во врска со Косово, пренесува весникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top