Српската амбасадорка Душанка Дивљак-Томиќ денеска за време на престојот во Битола искажа јавна благодарност до граѓаните и институциите во Македонија што учествуваа во хуманитарните акции за настраданото население од поплавените подрачја во Србија.
– Хуманитарната акција во Македонија претставува гест на исклучително и големо пријателство, внимание и висока чувствителност за луѓето што настрадаа и на коишто помошта им беше најпотребна, истакна амбасадорката Дивљак-Томиќ, додавајќи дека Србија никогаш понудената помош нема да ја заборави.
Српската амбасадорка во Битола учествуваше на промоцијата на Зборникот трудови на тема „Конзулска Битола и историските, современите и идните културни и уметнички врски меѓу Република Македонија и Република Србија“ кој, како што рече, претставува потврда за големата културна ризница и квалитет на соработката меѓу двете држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)