| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи се сретна со заменик-шефот на мисијата на aмериканската амбасада Путни

taci menduh

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска се сретна со заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Македонија Бартон Путни.

Како што соопшти партијата, на состанокот станало збор за актуелната политичка ситуација, неодамнешните избори, интеграциските процеси и регионалните случувања.

Тачи нагласил дека неговата партија ќе продолжи да придонесува за вистински политички дијалог и дека ќе биде дел од демократскиот процес во земјата.

Соговорниците се согласиле дека мора да се работи максимално на приоритетите како што е евроатлантското интегрирање за подобра перспектива на Македонија и регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top