
Поради дефект на моторот на авионите, Пентагон синоќа сооппшти дека ја приземјува целата флота Ф-35 ловци.
Дефектот е забележан за време на рутинската инспекција на авионите во воздухопловната база Едвардс во Калифорнија. Ловците Ф-35 претставуваат најскапата борбена програма на американската војска, чија вредност се проценува на приближно 400 милијарди долари.
Авионите нема да летаат се додека не се утврди која е причината за проблемот на шасијата на моторот. Американската армија има 51 авиони Ф-35, произведени од компанијата „Локхијд Мартин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


