
Сара Хо, дизајнерката на Парис Хилтон, Хелена Кристенсен и Кели Озборн ја посети Македонија. Таа со својот сопруг допатува во Македонија за да ја промовира својата екслузивна колекција скапоцен дијамантски накит во продажниот салон „Божиновски часовници и накит” во Скопје
Изложбената поставка на гламурозен мозаик од дијамантски накит на Сара Хо е дел од поширока европска турнеја на дизајнерката. Во наредните дваесет дена ќе биде отворена за широката јавност и ќе може да се погледне во „Божиновски часовници и накит” каде и единствено може да се купи дијамантски накит со потпис на Хо.
Освен како накит, за прв пат во Македонија може да се купат и дијаманти во форма на скапоцени камења кои претставуваат вреден капитал, сертифициран од реномирани светски гемолошки институти.
Брендот „Сара Хо“ изобилува со елегантен и женствен шарм, и зазема иновативен, модерен пристап во креирањето дизајни кои го издржуваат тестот на времето. Визијата на Сара Хо е да создава современ дијамантски накит, соодветен за дневни и вечерни прилики, кој ќе биде нослив и ценет како денес така и по многу години.
Ниту светски познатите ѕвезди не остануваат рамнодушни на сјајот на современиот дијамантски накит на Сара Хо. Парис Хилтон, Хелена Кристенсен, Кели Озборн, Пичис, Кели Ровланд, девојките од групата „Грлс Алауд”, се едни од многуте љубителки на накитот на Хо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


