
Утринава околу 6:25 часот воз удрил во „Југо“ со скопски регистарски таблички, на патниот премин меѓу населбите Драчево и Јане Сандански.
Од ударот со полесни телесни повреди се здобиле двајца браќа на возраст од 23 и од 28 години, кои најверојатно во тој момент сакале да ја преминат пругата кога возот удрил во нивниот автомобил.
По судирот, повредените биле пренесени во Ургентниот центар каде им била укажана лекарска помош.
Повредите со кои се здобиле не се од сериозен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


