| четврток, 6 декември 2018 |

Србија не отстапува од Јужен тек

juzen potokСрпските власти соопштија дека немаат намера да се откажат од изградба на својот дел од гасоводот Јужен тек, планиран за јули. ЕУ побаа од Бугарија да ја прекине работата по проектот.

– Немаме план за одложување на изградбата- изјави министерот за енергетика на Србија, Александар Антиќ- Ставот на Србија не е конечен. Ние ќе го следиме развојот на ситуацијата и ќе одлучиме соодветно. Верувам дека Европската комисија и државите-членки ќе најдат решение бидејќи тоа е европски проект во интерес на енергетска сигурност- додаде Антиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top