| четврток, 6 декември 2018 |

Нема кодоши во кандидатските листи

Ниту едно лице не било соработник на поранешните тајни служби и може да се најде на кандидатските листи за советници и градоначалници за претстојните локални избори, потврдија од Комисијата за верификација на фактите. Комисијата  ја заврши постапката за сите 80 општини и Градот Скопје за проверка на 6.339 кандидати за советници и градоначалници и ја извести Државната изборна комисија односно општинските изборни комисии

Од четирите надлежни институции за 12 кандидати било утврдено дека поминуваат низ евиденциите на Државниот архив, но Комисијата утврдила дека ниту едно лице не било соработник на поранешните тајни служби. Станува збор за лица кои имаат исти имиња и презимиња, но според возраста се работи за сосема различни личности.

Со сегашното прегледување на документите не завршува процесот на лустрација, затоа што членовите на лустрациска имаат можност за анализирање и истражување и доколку некое име на новите избрани советници или градоначалници се појавува досиејата, тој ќе биде ставен на дневен ред Комисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top