| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се петте производи со кои се засилува имунитетот?

ореви

Загадувањето на воздухот, нездрава храна и премногу стрес , оставаат белег на здравјето.  Експерти препорачуваат храна која докажано го зајакнува имунолошкиот систем.

Спанаќ

Спанаќот отсекогаш бил одлична храна. Во него се крие вистинско витаминско богатство – од витамини А , Б2 и Б6 витамин Ц, К и Д Покрај тоа, спанаќот е богат со антиоксиданси, фитонутритиенти , протеини и омега- 3 масни киселини и калциум.

Орев

Не треба секој ден да се јадат големи количини на ореви за  моќен имунитет – доволно е само неколку на ден и ефектот ќе биде видлив. Оревот содржи многу витамини, омега-3 масни киселини и други хранливи вредности кои ги штитат здравјето на срцето и мозокот. Некои истражувања покажале дека оревите го забавуваат развојот на Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест.

Грав

Гравот содржи лептин , кој помага во намалување на апетитот. Покрај тоа, гравот е богат со витамин Б , калциум, калиум и фолна киселина. Сето ова е добро за здравјето на мозокот и кожата, и помага да се намали крвниот притисок. Исто така, гравот е добар и во спречување на мозочен удар.

Лосос

Лосос е многу здрава храна, и посебно се препорачува див лосос , кој содржи голема количина на хранлива вредност. Лосоотс е одличен извор на протеини, витамин Д и витамин Б комплекс , како и омега- 3 масни киселини. Научни докази укажуваат дека лососот штити  од рак, кардиоваскуларни проблеми , депресија и голем број на други болести. Треба да се јаде барем еднаш неделно.

Боровинки

Покрај што се вкусни, боровинките се полни со фитохемикалии кои се користат за борба против разни болести. Исто така , боровинките содржат флавоноиди и растворливи влакна кои помагаат во борбата  против сериозни болести како рак, дијабетес, срцеви заболувања , чир на желудникот , висок крвен притисок. Боровинката влијае  и при намалување на лошиот холестерол во телото . Служи и како десерт , наместо слатки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top