Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска оствари работна средба со gенералниот директор на Европската комисија за проширување, Кристиjан Даниелсон.
Состанокот се одржа во рамките на неговата посета на Македонија со цел редовна размена на мислења со Европската комисија за актуелни прашања во процесот на интеграцијата на Македонија во Европската uнија.
Во фокусот на разговорите беа напорите да не се дозволи поединечни деструктивни политички практики да им носат штета на државата и на евроинтеграциите, приоритетите во реформите, чекори за градење позитивна клима со Грција.
Министерот Попоски го истакна неодамнешното испраќање исцрпен пакет на документи со статистички показатели и анализи за функционирањето на правосудството со очекување дека истите соодветно ќе бидат проучени и рефлектирани при подготовката на редовниот есенски Извештај за напредокот на Европската комисија.
Притоа потврди дека Македонија ќе продолжи да биде посветена на реформската агенда и напорите за почнување на преговорите за членство со ЕУ.
Во пресрет на одржувањето на Комитетот и Советот за стабилизација и за асоцијација беше заемно констатирана одличната комуникација која постои меѓу надлежните институции во Р.Македонија и службите на Европската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



