Познатиот актер Леонардо ди Каприо категорично одби да се појави на снимката, која би се емитувала во реалното шоу „Keeping Up with The Kardashians“.
Лео, како и многу други познати ѕвезди, присуствуваа на дневната забава во Лас Вегас, каде што еден од диџеите беше синот на Брус Џенер, Броди. На забавата набрзо пристигнаа и Брус со постариот син Брендон за да ја снимат атмосферата за потребите на реалното шоуто „Keeping Up with the Kardashians“.
И додека другите присутни познати личности немаа ништо против камерите, Лео одбил да го снимат камерите и не сакал да се врати на забавата додека снимањето не завршило.
На изненадување на многумина, дури и старлетата Парис Хилтон одбила да се појави на снимањето иако присуствувала на забавата и покрај нејзиното долго пријателство со Ким Кардашијан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.