| четврток, 6 декември 2018 |

Извозот во првите четири месеци со раст од 15,1 отсто

гузва
Извозот на стоки во првите четири месеци од годинава од земјава изнесува 1,51 милијарди американски долари и бележи раст од 15,1 отсто, додека вредноста на увозот е 2,31 милијарди американски долари и бележи раст од 10,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, покриеноста на увозот со извоз е 65,2 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 805 милиони американски долари.

Од Македонија најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Од странство се увезувало сурова нафта, платина и легури на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во првите четири месеци од годинава најмногу се извезувало 78,7 проценти во земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан 13 проценти. Се увезувало, исто така, 63,9 отсто од ЕУ.

Најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Италија. Со овие земји се врши 52,4 отсто во вкупната надворешно-трговска размена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top