Една од легендарните модели од почетокот на 90-тите години, Линда Евангелиста сѐ уште привлекува внимание со својата појава, а доказ за тоа е и фактот што модната куќа „Москино“ одлучи таа да биде нивното ново заштитно лице.
Откако Џереми Скот се најде на чело на компанијата, Москино стана тема на бројни расправи и го сврте комплетно вниманието кон себе, особено со последната „фаст фуд“ колекција. Креативниот израз на Скот ги освои Кети Пери и Рита Ора, а сега ете и Линда Евангелиста која ќе ја презентира колекцијата есен-зима 2014/15.
Зад фотографиите се потпишува Стивен Мејсел, а првите фотографии се веќе достапни.
– Луѓето секогаш ме прашуваат кој е мојот омилен фотограф, и тоа е Синди Шерман, но мојот омилен уметник е Стивен Мејсел – изјави Џереми Скот.
Повеќе детали околу најновата кампања ќе бидат наскоро обелоденети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.