| четврток, 6 декември 2018 |

Леонардо ди Каприо одби да го снимаат за реалити шоуто на Кардашијан

лео
Познатиот актер Леонардо ди Каприо, категорично одби да се појави на снимката, која би се емитувала во реалити емисијата „Keeping Up with The
Kardashians“.
Лео, како и многу други познати ѕвезди присуствуваа на дневната забава во Лас Вегас, каде еден од Ди-Џеите беше синот на Брус Џенер, Броди. На забавата набрзо пристигнаа и Брус со постариот син Брендон, за да ја снимат атмосферата за потребите на реалити шоуто „Keeping Up with the Kardashians“.
И додека другите присутни познати личности немаа ништо против камерите, Лео одбил да го снимат камерите и не сакал да се врати на забавата додека снимањето не завршило. На изненадување на многумина, дури и старлетата Парис Хилтон одбила да се појави на снимањето, иако присуствувала на забавата и покрај нејзиното долго пријателство со Ким Кардашијан

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top