
Министерството за финансии денеска ја исплати мајската пензија.
На сметките на 286.400 пензионери се префрлени 3 милијарди 571 милион денари. Од Министерството за финансии посочуваат дека исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно првата недела во месецот.
– Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на Владата – стои во соопштението.
Денеска се исплатени и 6,3 милиони денари за спортски пензии, пензии за национални уметници, надоместоци за талентирани спортисти и награди за спортски тренери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


