Петти јуни е Светски ден на животната средина, а оваа година има цел да ја подигне свеста за влијанието на климатските промени над малите земји од целиот свет.
Овој ден се одбележува во повеќе од 100 земји и вклучува милион жители од целиот свет.
Одбележувањето на Светскиот ден на животната средина почна во 1972 година и прерасна во клучна алатка на ОН за инспирирање на позитивна акција за заштита на животната средина.
Во рамки на одбележувањето во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Последици од климатските промени – проблеми – решенија – дискусии – заклучоци“.
Организатори на конференцијата се Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со еколошкото здружение „Гоу грин“, Амбасадата на Франција во Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Цементарница „Усје“ и Сојузот на извидниците.
Целта е да бидат претставени последиците од климатските промени во Македонија, Франција и Германија и ќе се разговара за улогата на младите луѓе и на малите земји во создавање решенијан за нивно намалување.
По повод Светскиот ден за заштита на животната средина, Агенцијата за млади и спорт во соработка со Град Скопје, Општина Гази Баба и Министерството за животна средина организира чистење на трим-патеката во парк-шумата „Гази Баба“.
Партијата ДОМ организира двочасовен настан на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст