Учителката од американската сојузна држава Јута обвинета за секс со својот 16-годишен ученик тврди дека, всушност, таа е жртвата.
Адвокатката на 34-годишната Брајан Алтис го замолила судијата да го отфрли обвинението за тројно силување и присилна содомија.
Таа вели дека детето признало дека планирало секс со Алтис и дека затоа тоа бил договорен чин и легален. Но, во Јута не е легално учителката или која било личност на надредена позиција да има сексуални односи со помлад од 18 години.
– Постојано го одбиваше сѐ додека на крај не го скрши нејзиниот отпор. Половиот однос не се случил без согласност – рекол нејзиниот адвокат.
Сепак, судијата на сослушувањето ги отфрлил наводите на одбраната и го закажал судењето за септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.