Интервентната кардиологија во Македонија може да се каже дека во изминатите години напредуваше со добро темпо и служи како референтна за многу земји во регионов.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски вчера во своето обраќање на свеченото отворање на 5. Македонски конгрес по кардиологија.
Пред доктори од Македонија и од 26 земји од светот, Груевски говореше за дел од реформите во Македонија кои го издигнаа македонскиот здравствен систем на едно повисоко ниво.
– Во рамките на големата набавка на нова и најсовремена медицинска опрема за здравствените установи, во изминатите години вложивме напори да се набават повеќе нови ангиографи и дополнителна опрема потребна за развој и ширење на кардиолошката мрежа во државата. Благодарение на овој капитален проект набавивме 5 нови ангиографи распределени во Штип, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, со што овозможивме овие градови, покрај главниот град Скопје, да се развиваат како регионалнио центри за интервентна кардиологија – истакна Груевски.
Тој потенцира дека овие реформи ја покажуваат заложбата и фокусот на Владата да се развие и прошири кардиолошката мрежа во земјава, сѐ со цел да има квалитетни, безбедни и навремени интервенции, што поблиску до граѓаните и во сите делови на земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст