| четврток, 6 декември 2018 |

Конференција за скриената економија во Македонија

danok ekonomija

Центарот за истражување и креирање политика (ЦИКП) денеска ќе одржи конференција на тема „Справување со скриената економија во Македонија: зајакнување на јавно-приватниот дијалог“.

Претставници на граѓанските организации, академската заедница, работниците и работодавците ќе дискутираат за начините на надзор на неформалната (скриена) економија, формите преку кои таа се јавува во Македонија, и можните модели на соработка на граѓанскиот сектор и јавните институции со цел справување со неформалната економија.

Настанот се реализира во рамки на проектот за надзор на скриената економија во Македонија, кој ЦИКП го спроведува заедно со Центарот за развој на демократијата од Република Бугарија, со поддршка на програмата ЕИДХР на Европската комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top