По третманот во просториите на „Брабус“ на луксузната триволуменска каросерија повеќе не стои знакот на „Мерцедес“. Каросеријата е дополнета со карбонски аеродинамични компоненти, кои вклучуваат нова маска за ладилникот, преден и заден дифузер за воздух. Автомобилот може да се испорача со 20-инчни бандажи на кои може да се монтираат гуми од „Континентал“, „Пирели“ или од „Јокохама“.
Во внатрешноста доминира врвна кожа и карбон, но сето тоа паѓа во вода кога ќе се отвори капакот на моторот. Без отстапки, „Брабус“ и овој пат стави акцент на моќта на агрегатот. Постојниот модел на „Мерцедес“ го надгради со 5,9-литарски мотор со осум цилиндри и со две турбини.
Со зголемувањето на зафатнината на моторот од 5,5 на 5,9 „брабус 850 6,0 битурбо“ доби и ново коленесто вратило, засилени клипови и оптимална глава на моторот. Со додавањето нови вшмукувачки цевки и подобрувањето на турбокомпресорот, моторот развива 850 коњски сили и има вртежен момент од 1.450 њутн-метри, кој, сепак, е електронски ограничен на 1.150 њутн-метри. Силата на моторот се пренесува преку модификуван седумстепен автоматски менувач, и ако преносот се врши на сите четири тркала, односно на двете оски, забрзувањето од нула до 100 километри на час изнесува само 3,1 секунда. Во зависност од избраните гуми на автомобилот и крајниот пренос на менувачот, распонот на максималната брзина изнесува од 300 до 350 километри на час.
Овој „болид“ треба да излезе во продажба ова лето. За цената никој не прашува, но се очекува да ја надмине границата од половина милион евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст