Здружението на студенти и младинци со хендикеп (ЗСМХ), во соработкa со УСАИД Македонија и Здружението на бизнис жени во Македонија организираат обука „Како се бара работа“ за лица со и без хендикеп. Оваа обука ќе им помогне на младите да се доближат и бидат конкуренти на пазарот на трудот и ќе трае пет дена. За да аплицираат младите лица треба да се на возраст од 15 до 27 години, да не се во образовен процес и да не се пријавени во Агенцијата за вработување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


