| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно лето

zesko-leto

Конечно времето ќе се стабилизира и ќе се стопли. Во наредните барем седум дена ќе имаме тренд на вистинско летно време. Според Метеопро не станува збор за пеколни високи температури, туку за умерено топло време. Максималната температура ќе биде во дијапазонот од 25°С до 30°С во четврток и петок. Веќе од сабота ќе има мал пораст на температурата, за околу 2°С до 3°С и ќе биде во границите од 27°С до 32°С. Слична максимална температура ќе има и во првите 3 дена од наредната недела.

Времето ќе биде претежно сончево и стабилно. Сосема мала локална дестабилизација е можна во недела и понеделник. Но, дали истата ќе се оствари ќе се знае веќе од петок. Затоа, следете нé.

Подетална прогноза на Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top