
Мајчинството е заразно, тврдат научниците од италијанскот уницерзитет „Бокони“, кои откриле дека пријателките имаат големо влијание врз желбата за дете на жената.
Така оние жени што не размислувале за дете можат одеднаш да го променат мислењето откако нивната најдобра пријателка или повеќе од нив родат, како што покажа студијата спроведена на повеќе од 1700 жени на возраст од 17 до 30 години.
Тој ефект е најизразен кај жените по средно училиште. Својот врв го достигнува две години подоцна. А потоа со текот на времето се намалува, заклучија научниците.
„Одлуките за планирање потомство не се само под влијание на личните карактеристики и желби, туку и на друштвениот круг во кој се движи жената, особено во смисла на потпора“, рече коавторката на студијата, Николета Балбо.
Додава дека тоа не е ништо необично бидејќи од порано е познато дека пријателите имаат големо влијание на многубројни однесувања, како пушење, пиење, вежбање и дружење.
Освен тоа, пријателките на жените им се важен извор на знаење за мајчинството и учење како да се грижат за детето, а и заедничкото искуство во мајчинството може повеќекратно да им го намали стресот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


