Директната штета во аграрот во Србија од поплавите е проценета на 500 милиони евра, а експерти денеска укажаа дека е неопходно што побрзо да се пресеат поплавените површини на кои е тоа можно.
Секретарот на Здружението на Стопанската комора на Србија за земјоделство, Ненад Будимовиќ, вели дека поплавите погодиле сектор кој е водечки во економијата во Србија, јави Танјуг.
Според него, сега се прават напори да се изврши сеидба на површините каде што е повлечена водата, но во тек се и подготовки за есенската сеидба.
Првите резултати од анализите на поплавеното земјиште укажуваат дека е можна нова сеидба на 15.000 до 16.000 хекатари. Поплавите уништиле и 6.233 пчелни заедници и вкупната штета во пчеларството е поголема од 25 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.