| четврток, 6 декември 2018 |

Економистите прогнозираат скок на цените и рецесија во Србија поради поплавите

Ceni-na-hrana-Makfax-edited
– Економијата на Србија ќе западне во рецесија, а цените брзо ќе почнат да растат, особено на прехранбените производи, поради поплавите што ја погодија оваа земја – прогнозираат економистите од списанието „Макроекономски анализи и трендови“.
– Имавме проблеми и пред поплавите, пред сè станува збор за дупката во буџетот и јавните финансии. Сега тој проблем ќе биде дополнително продлабочен – изјави претставникот на Фискалниот совет, Владимир Вучковиќ и додаде дека е јасно дека од пораст со вредност нула, Србија ќе западне во рецесија.
Економистот Миладин Ковачевиќ нагласува дека ќе може да се очекуваат рестрикивни мерки, како на пример намалување на платите во јавниот сектор.
– Колку што знам, институциите добиле наредба да се подготват за спроведување на таа мерка од 1 јули. Во согласност со солидарниот данок, намалувањето на платите за десет проценти би заштедило двојно повеќе пари – посочува Ковачевиќ.
Според економистот Гордана Цотиќ годинашната земјоделска реколта ќе биде полоша во споредба со минатата година.
– Прво ќе бидат засегнати цените на непреработените продукти, овошје, зеленчук, месо, а ќе бидат погодени ќе бидат и житните култури – додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top