Познатиот хрватски кошаркар Дино Раџа претпладнето е повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Сплит. Според хрватските медиуми, 46 годишниот кошаркар додека возел мотор бил удрен од автомобил со кој управувала жена од Сплит.
Според првичните информации Раџа имал повреда на ногата и бил пренесен во сплитската болница.
Од болницата потврдиле дека кај нив е хоспитализиран поранешниот хрватски репрезентативец и НБА играч. Бил пренесен на итното хируршко одделение и во тек била медицинска обработка. Тежината на повредите не е позната.
Се уште не се утврдени и причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст




