| четврток, 6 декември 2018 |

Тоа е љубов, му го излепила автомобилот со љубовни пораки (фото)

Една девојка од Требиње, Србија, на уникатен начин му искажала љубов на своето момче, така што му го излепила автомобилот со љубовни пораки.

Сопственикот на голфот останал позитивно изненаден кога го здогледал својот автомобил излепен со љубовни пораки. Неговиот автомобил на паркингот бил украсен со илјада и едно ливче, кои служат како потсетници. На секое од ливчињата имало напишано „Те сакам“, „Единствен“, и некои љубовни подолги пораки.

kola.jpg500

– Девојката долго време ги лепеше ливчињата. Се гледа дека е многу вљубена. Додека ги лепеше цело време гледаше да не дојде сопственикот на автомобилот, а кога го здогледа оддалеку, веднаш се сокри. Тоа е многу убаво и романтично – истакнал еден од очевидците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top