Естрадниот менаџер Велибор Џаровски Џаро, во негов стил без влакна на јазикот открил палавости кои ги правеле неговите пулени, а помеѓу кои е и легендарниот Здравко Чолиќ.
Џаро се грижел за кариерата на Чола во екот на неговата популарност, па така бил и сведок на голем број на „љубовни акции“ на пејачот.
Познато е дека Здравко отсекогаш бил миленик на жените, а тоа пак од друга страна им задаваше големи маки на менаџерите и организаторите, бидејќи според зборовите на Џаро и пејачот имал слабост кон понежниот пол.
– Еднаш тргнавме од Белград на голем концерт кој Здравко го имаше во Скопје, каде го чекаа армија од обожаватели. Се беше подготвено и однапред организирано, ние требаше само да се појавиме таа вечер и ништо не навестуваше дека се нема да оди според редот. Тој ден Чола и јас тргнавме со автомобил кон Скопје и по пат застанавме на една бензинска пумпа да испиеме кафе и малку да се одмориме. Меѓутоа, со него тогаш почна да флертува една девојка, а и на него таа му се бендиса. Мислам дека таа беше и вработена на таа бензинска пумпа. Во еден миг Здравко и девојката се упатија кон канцеларијата која се наоѓаше веднаш до пумпата. Чекав некое време но тие двајца никако не излегуваа од канцеларијата и тогаш решив да превземам мерки да ги извлечам од таму бидејќи како што тргнале по се изгледа ќе задоцниме на концертот. Не знаев што да сторам кога наеднаш здогледав едно куче, го земав и го протнав низ прозорецот на канцеларијата во која беа Чола и девојката. Кучето успеа „да им ги замрси конците“ и да им ја прекине акцијата и така успеав да ги разделам. Ова е жива вистина. На крајот сепак успеавме да стигнеме на време на концертот во Скопје – открил Џаро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.