| четврток, 6 декември 2018 |

Речиси 32.000 Цроногорци немаат завршено ни основно образование

podgorica

Околу 31.800 жители на Црна Гора на возраст од над 15 години или над шест отсто од возрасната популација немаат никакво образование или не завршиле ниту основно училиште, покажуваат податоците на црногорскиот статистички институт „Монстат“.

Според Институтот, три четвртини од лицата без основно образование или 24.000 се жени.

Од популацијата на возраст од над 15 години во Црна Гора, дури 100.000 или околу 20 проценти имаат завршено само основно образование, а околу 175.300 се со дипломи од средни училишта или гиманзии. Факултет или повисок степен на образование имаат околу 70.000 Црногорци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top