Победникот на музичкото шоу „Икс-фактор“ Даниел Кајмаковски, кој неодамна го објави и дуетот со неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ, за „Република“ ги демантира гласините за тоа дека продукцијата го игнорира.
– Тоа што се пишуваше, не е вистина. Продукцијата си го направи своето, ме споија со луѓето со кои треба да бидам и да соработувам во иднина, а со нив се водат интензивни разговори. Немам многу контакт со нив, освен за концертите и за тоа што е поврзано со „Икс-фактор“, за сѐ друго се грижам сам, сам сум одговорен за сѐ – изјави Даниел.
Кајмаковски изјави дека се подготвува за големиот концерт што ќе се одржи в сабота во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кој ќе настапи заедно со финалистите од големото балканско музичко шоу „Икс-фактор“, а на самиот концерт ќе му биде врачена и парична награда.
Целиот разговор погледнете го во видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.