| четврток, 6 декември 2018 |

Игокеа во Скопје покажа зошто е лидер

Водечката екипа во Јадранската кошаркарска лига рутински мина во Скопје (81-77) и тоа со водство низ текот на сите 40 минути

МЗТ Скопје доживеа пораз од 81-77, во меч од 22. коло во Јадранската кошаркарска лига, а ниту еднаш не поведе против Игокеа во својата сала „Борис Трајковски“. Не беше нашиот првак инфериорен до тој степен, што најдобро можеби го отсликува резултатот по 30 минути игра, кога гостите од Александровац имаа минимално воство од 54-53 и најмногу во последната минута, кога Аеродромци во три наврати доаѓаа до два негатива и сепак претрпеа пораз од четири разлика.

Одлична, квалитетна кошаркарска партија во нашиот главен град со добри перформанси на тимот на Алеш Пипан, но и со многу силен, разновиден противник кој, потестуваме води во натпреварувањето од самиот почеток.

Најдобри поединци кај МЗТ Скопје кој го доживеа 11 пораз и е на токму 50 насто ефект, беа Гечевски со 21, Бакиќ со 14, Оташевиќ со 13 и Дамјан Стојановски со 11 поени. Кај Игокеа, која и по одигрувањето на другите средби од оваа рунда ќе ја има лидерската позиција на табелата најдобри беа Едвардс со 20 и Јоровиќ со 16 коша.

МЗТ Скопје останува сигурен на осмото место на табелата во пресрет на последните 4 кола во кои ќе влезе следната сабота, на 2. март со уште еден домашен натпревар, против Задар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top