| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија и вечерва протестира

Стотина лица се собраа вечерва на нови протести во центарот на Софија, блокирајќи го „Орловиот Мост“. Според агенцијата БТА, демонстрантите ја пееле бугарската химна и извикувале„Долу партиите!“. Било предложено формирање на „граѓански комитет“, кое би ги промовирало барањата на учесниците на протестите што се одржуваат низ цела Бугарија.

На самиот старт на протести дошло до помал инцидент. Дел од учесниците на собирот обвиниле некои од присутните дека се провокатори. На протестот е побарано и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев да не го распушта Народното собрание, бидејќи тогаш „не ќе има која да ги исполни барањата на демонстрантите“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top